Модул 1 за барањата во однос на преддоговорното информирање

Consumer Law Ready е специјализирана програма за обука за мали и средни претпријатија која им помага да ги разберат и почитуваат најновите европски и национални прописи за заштита на потрошувачите.

Модул 1 ќе ве воведе во светот на транспарентноста. Тука ќе научите за потрошувачките договори и за информациите што трговците мора да им ги обезбедат на потрошувачите пред склучување договор.

Што можам да очекувам од овој модул за обука?

Во овој модул ќе се фокусираме на т.н. барања за преддоговорно информирање, согласно Директивата 2011/83/ЕУ за правата на потрошувачите ( the "Consumer Rights Directive" - CRD). Покрај другите работи, ќе научиш:

На кои договори се применува Директивата;

Како барањата за транспарентност се разликуваат во зависност од тоа дали продавате производи во продавница, надвор од деловни простории или од далечина;

Како да ги презентирате информациите;

Што треба да направите ако продавате прекугранично;

Последиците од недоволно информирање на потрошувачите.

Ова звучи како обемна работа, но не грижете се – ќе ви дадеме практични примери за да ви го олесниме процесот.

 

Неколку кратки информации пред да започнете:

Што значи „барања во однос на преддоговорното информирање“?

„Пред“ значи „предходно“, а „договорно“ се однесува на склучен договор. Идејата е на потрошувачот да му обезбедите одредени информации пред да склучите договор со него. Директивата за правата на потрошувачите содржи список на информации кои се сметаат за многу важни за потрошувачот да може да донесе информирана одлука пред склучување на договор

Дали моите обврски за информирање се разликуваат ако продавам преку интернет или во продавница?

На потрошувачот кој влегува во продавница му се потребни различни информации од колку на потрошувачот кој купува преку интернет.

Информациите на интернет на пример, треба да вклучуваат:

  • географска адреса; 
  • можност за контакт преку е-пошта; 
  • право на враќање на производ нарачан од далечина. 

(Повеќе за ова во Модул 2 од програмата Consumer Law Ready.)

 

Не чекајте повеќе – разгледајте го модулот за да ги подобрите вашите кориснички услуги и да ја зголемите довербата на потрошувачите во вашето работење! За повеќе материјали или регистрација за програмата за обука во вашата земја, посетете ја страницата: www.consumerlawready.eu