Модул 2 за правото на повлекување

Consumer Law Ready е специјализирана програма за обука за мали и средни претпријатија која им помага да ги разберат и почитуваат најновите европски и национални прописи за заштита на потрошувачите

Модул 2 ќе ви го претстави едно од најважните потрошувачки права: правото на повлекување. Ќе научите што опфаќа ова право, под кои услови потрошувачите можат да го искористат и како најдобро да постапувате во ситуации на откажување

Што можам да очекувам од овој модул за обука?

Правото на повлекување е утврдено во Директивата 2011/83/ЕУ за правата на потрошувачите и се применува во сите земји членки на Европската Унија.

Ќе научите, меѓу другото:

Што е правото на повлекување;

За договори склучени на далечина и договори склучени надвор од деловните простории;

Кога потрошувачот има право да го користи, а кога не;

Што да направите ако потрошувачите го искористат ова право;

Што треба да содржи образецот за откажување.

Ова звучи како обемна работа, но не грижете се – ќе ви дадеме практични примери за да ви го олесниме процесот

Неколку кратки информации пред да започнете:

Што е правото на повлекување?

Правото на повлекување им овозможува на потрошувачите да се откажат од одредени договори во рок од 14 дена по приемот на производот, или по склучување на договор за услуга или дигитална содржина

Зошто потрошувачите имаат такво право?

Кај договорите на далечина, потрошувачот нема можност однапред да ги провери својствата на производот, па затоа треба да има можност да го испроба и прегледа производот.

Кај договорите склучени надвор од деловните простории, на пример продажба пред домот на поторшувачот, потрошувачот може да биде изложен на поголем притисок. Поради тоа, му се дава време да размисли за понудата

Може ли да го исклучам правото на повлекување?

Не, не можете. Тоа е задолжително право и никогаш не смее да се исклучи. Напротив, должни сте да ги известите потрошувачите дека го имаат ова право и може да сносите последици ако не го направите тоа

Не чекајте повеќе – разгледајте го модулот за да ги подобрите вашите кориснички услуги и да ја зголемите довербата на потрошувачите во вашето работење! За повеќе материјали или регистрација за програмата за обука во вашата земја, посетете ја страницата: www.consumerlawready.eu