Модул 3 за правата на потрошувачите и гаранциите
Consumer Law Ready е специјализирана програма за обука за мали и средни претпријатија која им помага да ги разберат и почитуваат најновите европски и национални прописи за заштита на потрошувачите. Модул 3 ќе ве воведе во светот на гаранцијата.
Што можам да очекувам од овој модул за обука?
Ако производите се неисправни, потрошувачите во ЕУ имаат право на законска гаранција за отстранување на проблемот, како што е правото на поправка. Ќе научите
Опсегот на примена на правилата за гаранции;
Кои правни средства ги имаат потрошувачите ако производот е неисправен;
Што треба да направите ако потрошувачот бара поправка или замена;
Разликата меѓу законска и трговската гаранција;
Колку долго потрошувачите можат да ги користат своите права;
Кој треба да докаже дека производот не е сообразен со договорот.
Ова звучи како обемна работа, но не грижете се – ќе ви дадеме практични примери за да ви го олесниме процесот.
Ова звучи како обемна работа, но не грижете се – ќе ви дадеме практични примери за да ви го олесниме процесот.
Неколку кратки информации пред да започнете:
Што се права од законска гаранција?
Потрошувачите имаат право да го добијат она што им било ветено. На пример, ако продавате водоотпорни чевли, тие навистина треба да бидат водоотпорни. Во спротивно, потрошувачот има право на поправка или замена – бесплатно
Што ако сметам дека производот не бил неисправен при продажбата?
Вообичаено потрошувачот треба да докаже дека производот не одговара на договорот. Но, во рок од шест месеци од купувањето, вие треба да докажете дека недостатокот не постоел од почетокот. Во некои земји овој рок е подолг
Може ли рекламацијата да ја пренасочам кај производителот?
Не, не можете. Ако вие сте го продале производот, вие како продавач треба да го решите проблемот согласно важечките национални прописи
Не чекајте повеќе – разгледајте го модулот за да ги подобрите вашите кориснички услуги и да ја зголемите довербата на потрошувачите во вашето работење! За повеќе материјали или регистрација за програмата за обука во вашата земја, посетете ја страницата: www.consumerlawready.eu