Модул 4 за нечесни практики практики и нечесни договорни одредби

Consumer Law Ready е специјализирана програма за обука за мали и средни претпријатија која им помага да ги разберат и почитуваат најновите европски и национални прописи за заштита на потрошувачите. Модул 4 ќе ве запознае со ситуации на нечесни трговски практик

Што можам да очекувам од овој модул за обука?

Принципите на чесност гарантираат правилно деловно однесување. ЕУ има усвоено два важни правни акта: Директива 2005/29/ЕЗ за нечесни трговски практики и Директива 93/13/ЕЕЗ за нечесни одредби во потрошувачките договори. Ќе научите

Што се нечесни трговски практики;

Како да проверите дали практика е нечесна;

Различни форми на нечесни практики;

Поимите „просечен“ и „ранлив“ потрошувач;

Карактеристики на нечесни договорни одредби;

Примери на нечесни договорни одредби.

Ова звучи како обемна работа, но не грижете се – ќе ви дадеме практични примери за да ви го олесниме процесот.

 

Неколку кратки информации пред да започнете:

Што е нечесна трговска практика?

Тоа се дејствија или пропусти кои недозволено влијаат врз економската одлука на потрошувачот дали да купи производ или да користи услуга. На пример: лажни тврдења за цена или карактеристики на производот

Што е нечесна одредба во потрошувачки договор?

Ако склучите договор со потрошувач, не смеете да користите одредби што создаваат значителна нерамнотежа меѓу вашите права и обврски и правата и обврските на потрошувачот. Таквите услови се сметаат за нечесни и неважечки

Кои се последиците ако користам нечесна одредба или нечесна трговска практика?

Потрошувачите може да бидат незадоволни , државните органи може да изречат казни, потрошувачките здруженија може да поведат постапка против вас, можни се и други законски последици кои ќе ги објасниме во ова поглавје

Не чекајте повеќе – разгледајте го модулот за да ги подобрите вашите кориснички услуги и да ја зголемите довербата на потрошувачите во вашето работење! За повеќе материјали или регистрација за програмата за обука во вашата земја, посетете ја страницата: www.consumerlawready.eu