TRAINER FAQs

Frequently Asked Questions

Општи прашања

Question: Што е Consumer Law Ready?

Answer

Consumer Law Ready е специјализирана програма за обука за микро, мали и средни претпријатија (ММСП), која им помага да ги разберат и да се усогласат со најновите закони за заштита на потрошувачите во ЕУ и на национално ниво.

Question: Кој стои зад проектот?

Answer

Consumer Law Ready е проект финансиран од Европската комисија. Eurochambres (Стопанската комора на Брисел, Белгија), во конзорциум со BEUC (Европска организација на потрошувачи) и SMEunited (Европска асоцијација на занаетчиски, мали и средни претпријатија), го реализираат овој проект.
Нивните членови на национално ниво исто така се активно вклучени со цел да се постигне поголем опфат на деловната заедница. Проектот започна во јануари 2017 година и трае до декември 2026 година.

Question: Како функционира проектот?

Answer

Проектот функционира на неколку нивоа:

На европско ниво, Eurochambres и неговите партнери, заедно со специјализирани тренери и правни експерти, обучуваат по еден национален тренер во секоја земја. Тие се нарекуваат „главни тренери“ (lead trainers).
Главните тренери потоа обучуваат од 20 до 30 регионални тренери во својата земја за европското и националното потрошувачко право. Регионалните тренери потоа се подготвени да организираат обуки за ММСП во своите региони. Обуките се одржуваат на јазикот на соодветната земја.

Онлајн материјалите за учење им овозможуваат на претприемачите да го изучуваат материјалот преку читање документи, учество во квизови, гледање видеа и полагање електронски тест за добивање сертификат.

Question: Што опфаќа проектот?

Answer

Проектот се состои од седуммодули:

  • Преддоговорни информации (модул 1) 
  • Право на повлекување (модул 2)
  •  Потрошувачки права и гаранции (модул 3  )
  • Нечесни трговски практики и нечесни договорни одредби (модул 4)
  •  Алтернативно решавање спорови(ADR) и онлајн решавање спорови (ODR) ( модул 5) 
  • Права и обврски на дигиталните пазари (модул 6)

Question: Дали проектот ги опфаќа националните и/или прекуграничните договори?

Answer

Проектот главно се фокусира на националните договори, но содржи и многу насоки за прекугранични договори.

Question: Дали проектот опфаќа онлајн и/или офлајн трговија?

Answer

Проектот опфаќа и онлајн и офлајн трговија.

Учество во проектот

Question: Кој може да учествува во проектот?

Answer

Consumer Law Ready е отворен за обучувачи, правни експерти и МСП од сите 27 земји членки на ЕУ. Материјалите исто така се достапни за прилагодување и на Норвешка и Исланд.

На платформата постојат две различни области: една за обучувачи и експерти и една за МСП Двете области обезбедуваат информации и ресурси потребни за секоја група.

Question: Како можам да се пријавам за курсот за да станам CLR обучувач/тренер?

Answer

Доколку сакате да организирате обука за МСП во вашата локална средина, најпрво треба да присуствувате на локалната обука „обука за обучувачи“, која ја води назначениот главен обучувач во вашата земја.

За пријавување, посетете ја секцијата „Trainer“ за да го видите распоредот на настаните за обука на обучувачи во вашата земја.

По завршувањето на обуката, ќе бидете овластени да подготвувате и да одржувате сопствени обуки за локални МСП.
Вашата корисничка сметка на Consumer Law Ready ќе биде надградена и ќе добиете пристап до материјали што ќе ви помогнат да ги организирате обуките.

Question: Како се избираат учесниците за обуката на обучувачи и како се информираат за следните чекори?

Answer

Учесниците се избираат според повеќе критериуми. Ќе бидете контактирани од нашите експерти за да бидете информирани дали можете да учествувате на националната обука за обучувачи.

Откако ќе се пријавите на курсот, експертите ќе ви обезбедат насоки и контролна листа со следните чекори. Вашиот профил исто така ќе биде надграден за да добиете пристап до сите материјали за обучувачи.

 

Проектот на локално ниво

Question: Дали локалните обуки се бесплатни?

Answer

Проектот е финансиран од Европската унија, па затоа материјалите за обука, содржината и промотивните материјали на Consumer Law Ready се бесплатни за сите тренери, национални или локални.

Сепак, локалните тренери може да наплатат за обуките за МСП, но се охрабруваат цената да биде што е можно пониска.

Надоместоците треба да ги покриваат организациските трошоци и времето на тренерот.

Question: Каде и кога се одржуваат локалните обуки?

Answer

Термините за обуките ги одредуваат националните и локалните тренери. Ве молиме најавете се на веб-страницата за да го видите распоредот.

Онлајн материјали

Question: Кои онлајн ресурси ги нуди проектот за обучувачите/тренерите?

Answer

За обучувачите се достапни следните материјали за подготовка на обуки:

  • Наставни материјали како модули и PowerPoint презентации на вашиот јазик, прилагодени на националните спецификации;
  • Шаблон документи како листи на учесници, сертификати или формулари за заштита на податоци;
  • Промотивни алатки (летоци, објави за социјални мрежи, банери, слики итн.)
  • Онлајн ресурси како видеа, квизови и е-тест што можете да им ги препорачате на МСП;
  • Овие ЧПП (FAQs) и форум каде можете да поставувате прашања и да разменувате знаење со експерти и колеги
  • Само одобрени обучувачи („CLR trainers“) имаат пристап до овие материјали.

Question: Јас сум трговец кој се занимава со прекугранична трговија / сакам да научам за потрошувачко право во друга земја.

Answer

Consumer Law Ready може да ви помогне! Секој модул е напишан за конкретна земја и содржи информации за националното законодавство. Модулите од сите земји можете да ги најдете во делот:

https://www.consumerlawready.eu/trainer/all-language-module-download-page 

Доколку сакате да пристапите до сите онлајн материјали (видеа, квизови) и да ги видите прашањата на другите корисници, треба да креирате дополнителна сметка со друга е-пошта.
На пример: ако сте француски трговец и сакате да тргувате со Италија, можете да го изучувате италијанското законодавство преку модулите за Италија. Можете да се регистрирате на страницата со избор на „Италија“. Секоја национална верзија е достапна само на јазикот на таа земја.

Веб-страница

Question: Што ако имам технички проблем со веб-страницата?

Answer

За регистрација, пополнете ја страницата  Sign Up

Некои информации се опционални, но се препорачува да ги внесете веднаш за подобро да се приспособи системот на вашите потреби.
По регистрацијата ќе добиете е-пошта за активација. Треба да кликнете на линкот за да добиете целосен пристап до веб-страницата.
Ако не ја добиете е-поштата за активација, контактирајте не на:
 info@consumerlawready.eu (на англиски, италијански, шпански или француски)

Question: Што ако имам технички проблем со веб-страницата?

Answer

Контактирајте не на info@consumerlawready.eu на англиски, шпански, италијански или француски.

 

Question: Не го најдов одговорот на моето прашање во ЧПП. Што да направам?

Answer

Проверете го форумот на веб-страницата и, ако е потребно, поставете нова тема. Вашето прашање може да им помогне и на други корисници и ќе добиете брз одговор.

Забелешка: Проверете дали вашето национално потрошувачко законодавство има разлики во однос на правото на Европската унија.