Зошто да учествувате

Откријте ги придобивките

Станете дел од Consumer Law Ready

icon certificate

Добијте сертификат за потрошувачко право, акредитиран од Европската комисија.

Compliance

Стекнете важно знаење од областа на потрошувачкото право, кое ќе ви помогне да го направите вашиот бизнис поусогласен со прописите и попријателски кон потрошувачите.

Станете дел од поширока заедница на мали и средни претпријатија (МСП) и преку нашиот форум поврзете се со други деловни луѓе од Европа.

icon support

Добијте поддршка и совети во врска со прашања од потрошувачкото право поврзани со вашиот бизнис, преку обуки или со консултирање на нашите ЧПП (најчесто поставувани прашања).

Online Resources

Прилагодете го учењето на вашиот распоред – следете онлајн курс или присуствувајте на локална обука во вашата средина.

Compliants

Научете како правилно да постапувате со поплаките на потрошувачите и со враќањето на средства.

Започнете со учење

Како тоа функционира

Трите чекори за да станете Consumer Law Ready

Посетете локална обука во ваша близина

Можете да се приклучите на локална обука во вашата област и да научите сè за потрошувачкото право од професионален обучувач. Регистрирајте се веднаш штом ќе започне процесот на пријавување за да го обезбедите вашето место.

Учете за потрошувачкото право преку нашите онлајн материјали

Преку материјали за читање, видеа, квизови и електронски тестови ќе го стекнете потребното знаење кое ќе ви помогне вашето МСП да биде усогласено со потрошувачкото право. Имаме 7 модули за учење кои опфаќаат важни теми поврзани со правата на потрошувачите.

Добијте го вашиот сертификат

Тестирајте го вашето знаење за потрошувачкото право преку нашите квизови или е-тестови и стекнете сертификат за потрошувачко право, акредитиран од Европската комисија.